Ракомет
1. November 2015 - 14:22

Радичевиќ во составот на Вардар за мечот со Митјиланд

 
Вардар го пречекува Митјиланд денеска во 15 часот и 15 минутии, во 3. коло од Лигата на шампионите.
 
За овој натпревар во составот на Вардар се врати Јованка Радичевиќ, која го пропушти натпреварот против Хипо на гости, а отпадна Итана Грбиќ. Сепак, без разлика, кој ќе ја понесе одговорноста на теренот, она што е важно се двата бода од натпреварот.
 
Вардар го скрши мразот минатата недела во Виена и сега сите посакуваме и домашна победа, која може да нѐ качи и на првото место во групата Ц по три кола. Митјиланд покажа дека е силен и покрај промените во составот кои му се случија пред почетокот на сезоната, досега оствари две победи, од кои една на гости  кај Ѓер.
 
Сепак, тоа не е никаква пречка во „Јане Сандански“ да биде поинаку, Вардар да одигра како во Виена, како што најдобро умее и да се врати на вистинските патеки пред остатокот од сезоната во ЛШ.
 
Вардар – Митјиланд
 
Вардар: Лејно, Суслина, Алтхаус, Черноиваненко, Човиќ, Дамњановиќ, Дембеле, Ихнева, Хмирова, Кликовац, Лазовиќ, Лекиќ, Пенезиќ, Радичевиќ, Ристовска, Сокач.
 
Митјиланд: Енглерт, Војчиќ, Алм, Аугустен, Бургард, Јакобсен, Јенсен, Јоргенсен, Кристијансен, Педерсен, Торсгард, Волер.