Радев: Заштитата на воздушниот простор на Македонија е национален долг на Бугарија
Бугарија не треба да ја пропушти историската можност да го штити воздушниот простор на Република Македонија, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, пред заминувањето за Лондон каде учествува на Самитот на земјите членки на НАТО.
– Тоа не е само наш национален интерес, туку и долг кон братската Република Македонија и израз на одговорност, нагласи Радев.
Тој истакна дека додека разговорите за заштитата на воздушниот простор на земјава биле одлагани од бугарска страна во очекување на „светлата иднина“ кога Бугарија ќе има ескадрила нови авиони, Грција склучи договор за спроведување на таква мисија, пренесува БГНЕС.
Радев потсети дека изминатиов период беше постигнат договор за средба на министрите за одбрана и началниците на генералштабовите на Македонија, Бугарија и Грција, посветена на вклучувањето на бугарското Воено воздухопловство во заштитата на воздушниот простор на земјава.
– Со денешните потенцијали можеме во целост да ја исполниме таа задача без никакви дополнителни трошоци, бидејќи може да се спроведе од базата Граф Игнатиево, додаде Радев.
Ново на Сител
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
