Радев: Во моментов сме во состојба на вето за Македонија
„Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, одговорајќи на новинарско прашање за последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје и дали Бугарија планира ново вето.
Темата за Северна Македонија не е на дневен ред на советот, но Радев вели дека ќе ја иницира.
- Ќе ја искористам можноста да го покренам прашањето за зголемената агресија и ескалирачката антибугарска кампања во Република Северна Македонија, што веќе води до престапи од омраза - подметнување пожар, пукање во нашите културни клубови, физичко насилство врз македонски Бугари и бугарски државјани. Ќе ги повикам моите колеги на поголема солидарност и ангажираност. Со истата енергија како што бараат од нас забрзување на процесот на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија, ЕУ да наложи мониторинг и гаранција за почитување на правата на македонските Бугари, изјави Радев.
Софија, како што посочи, морала со две последователни вета за Скопје да им го објанси на европските партнери проблемот со правата на Бугарите во Република Северна Македонија.
Тој очекува категорична институционална реакција од македонските власти за откривање на санкционирање на сторителите, но вели дека во моментов не гледа таква политичка волја во Скопје, а тоа, според него, само ги продолжува проблемите.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени