Радев: Патот на Македонија кон ЕУ минува преку Бугарија
Можам да кажам дека одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери. На ден имам покани да разговарам со најмалку двајца премиери, еден претседател и еден комесар. Има многу внимание кон Бугарија, нема да го кажам зборот притисок, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, откако положи цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Софија.
Да не заборавиме, додаде Радев, дека Бугарија е членка на Европската унија и тоа значи многу, а ќе се обратиме до другите членки на ЕУ за солидарност.
-Најважно е Бугарија, како таква одговорна членка, да не дозволи да се внесат многу проблеми во Унијата, порача Радев, јави дописникот на МИА од Софија.
Радев уште рече дека европскиот пат на Република Македонија е преку Софија и дека тоа е патот за решавање на сите проблеми.
Тој истакна дека дека Бугарија ги развива односите меѓу двете земји во духот на доверба, пријателство и добрососедство.
Ново на Сител
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи