Радев: Отстранувањето на блокадата не зависи од Бугарија, туку од Македонија
Претседателот на Бугарија, Румен Радев ги коментираше односите и преговорите меѓу Бугарија и Република Македонија, откако денеска гласаше на изборите во Софија.
-Политиката на Бугарија кон Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој треба да се води меѓу двата главни града. Не во Брисел или Париз, и зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ, рече Радев, одговарајќи на новинарско прашање дали новата влада ќе ја смени својата политика кон Скопје.
Прашан дали Бугарија ќе ја отстрани блокадата, Радев со одговор „нашите пријатели од Македонија и раководството на земјата мора самите да ја отстранат блокадата“.
– Таа не е бугарска, потребни ни се вистински, одржливи резултати за членство во ЕУ, за промена на учебници, споменици со нивни натписи, музеи, јавни медиуми, за искоренување на говорот на омраза – кога ќе падне границата, нашите млади не треба да се мразат, изјави тој.
Радев потенцира дека тоа не зависи од Бугарија, туку од државата, Република Македонија, која мора да има јасни и одлучни активности.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба