Македонија
4. May 2022 - 16:33

Радев од конференцијата за Делчев: Притисокот е кон Бугарија, нема отстапки додека Бугарите не влезат во Уставот

Како да дадеме согласност за почеток на преговори во време на антибугарска политика поддржана од македонските државни институции, во време кога историската комисија не дава резултати и скандалозен попис кој ги откри проблемите со правата на Бугарите во Македонија?

Бугарија е пред тешка дилема, вели бугарскиот претседател. Компромис ќе мора да се направи, но не со воинствениот македонизам и говорот на омраза, обвини Радев. Јасно посочи, кога треба да се крене ветото.

На конференцијата на тема добрососедство покрај Радев, учествуваа и голем број историчари и професори, дипломати. Меѓу нив и копретседателот на мешовитата историска комисија, кој посочи на главниот проблем во работата со македонските колеги.

Најголемиот дел од учесниците на форумот кој беше одржан под покровителство на Радев, а по повод 119 години од смртта на Делчев, истакнаа дека европската перспектива на Македонија и е стратегиска цел за бугарската држава.