-->
-->
Радев: Непримерно е Македонија да поставува ултиматуми
-->
Крајно непримерно е да ѝ се поставуваат ултиматуми на Бугарија – рече претседателот на Бугарија, Румен Радев, коментирајќи ги последните изјави на шефот на дипломатијата Бујар Османи, дека до јуни има можност да се развијат односите меѓу Македонија и Бугарија.
„Крајно е несоодветно и нездраво да се зборува за Бугарите и да се поставуваат некои ултиматуми. Притисокот беше уште поголем минатата година. Јас и преодната Влада го продолживме овој притисок со два последователни совета за проширување. Многу добро ги објаснивме позициите на Бугарија, и тие се прифатени. Само треба да се бранат. Станува збор за човекови права, копенхашки критериуми, говор на омраза. Тоа се работи кои не се компатибилни со европските принципи и вредности“, рече тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии