Радев најави дека по Нова Година ќе го врачи мандатот за формирање на влада
Претседателот на Бугарија, Румен Радев најави дека по Нова година ќе и го предаде вториот мандат за формирање влада на втората по големина партија во Народното собрание – „Продолжуваме со промената“, јави дописникот на МИА од Софија.
Радев вчера учествуваше на традиционалниот ритуал на палење свеќите на Фестивалот на светлината – Ханука, што се одржа во Централната софиска синагога во Софија. Тој беше придружуван од неговата сопруга Десислава.
По повод празникот Ханука, во синагогата имало стотина бугарски Евреи. Втората свеќа од ритуалниот свеќник ја запали градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова. На прославата присуствуваа и бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков и претставници на дипломатскиот кор во Софија.
Радев се заблагодари на организацијата Шалом на бугарските Евреи, како и на Централниот израелски духовен совет, што може заедно да го споделат овој голем празник, што носи духовна светлина за сите.
Ново на Сител
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот