Радев на средба со кандидатот за премиер Николај Габровски
Претседателот на Бугарија, Румен Радев претпладнево ќе има средба со кандидатот на ГЕРБ-СДС за премиер Николај Габровски кој мора да предложи состав на Влада или да го врати мандатот.
-Тимот е речиси подготвен со луѓе кои до еден се високи професионалци, рече во петокот Габровски, додавајќи дека тој самиот ги избрал сите министри за мандатот.
Пред само една недела, според уставната процедура, Радев на Габровски му го врачи првиот мандат за формирање влада во рамки на актуелниот парламент. Тогаш кандидатот за премиер рече дека ќе вложи максимални напори да предложи кабинет.
Габровски оствари средби со ДПС, „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“ и „Бугарски подем“. „Продолжуваме со промената“ и „Преродба“ ја одбија поканата.
„Демократска Бугарија“ и БСП одлучија да на дадат поддршка додека „Бугарски подем“ изрази подготвеност за дијалог, а ДПС побара да ги слушне целите, приоритетите и кадрите на евентуалната идна влада.
Ново на Сител
-
СП во ракомет: Заврши бајката на Португалија, фаворитот Данска се пласираше во финалето
-
Фатен кавадарчанец кој побегнал од затворот во Гевгелија
-
Тетовчанец загинал на скопска обиколница откако излетал од патот
-
Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
-
Директорката на Клиниката "Козле" објаснува зошто докторката добила отказ
-
Уапсена 42 годишна жена, со „цитроен“ удрила во пешак и избегала
-
Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија
-
Русите извршија ракетен напад врз историскиот центар на Одеса