Loading Video...
Балкан
20. April 2021 - 19:56

Радев му го врачи мандатот на Даниел Митов од ГЕРБ-СДС за кандидат за нов бугарски премиер

Бугарскиот претседател  Румен Радев и додели на коалицијата ГЕрб – СДС  мандат да формира  влада.  Очекувам  Даниел Митов, кандидатот  за премиер номиниран од ГЕРБ  во рок  од седум дена да  формира влада која ефикасно ќе ја води земјата и ќе ја извлече од тековната криза рече претседателот Радев. ГЕРБ – СДС   во парламентот со 240 партенички места имаат обезбедно 75 пратеници.

За формирање на коалициона влада на Митов му се потребни 121 пратеник. Пред тој да го добие мандатот, премиерот во заминување Бојко Борисов  објави  кои ќе бидат луѓето во предлог кабинет на ГЕРБ- УДФ. Екатерина Захариева повторно е номинирана за шеф на бугарската дипломатија. Списокот, Борисов го објави од болницата во која е хоспитализиран по вчерашната операција на  коленото на десната нога.