Балкан
25. July 2021 - 11:23

Радев: Мандатот ќе го врачам кога партиите ќе бидат подготвени

Денот на предавање на мандатот на партијата победник на изборите за формирање на новата бугарска Влада ќе биде познат кога партиите ќе гарантираат дека постигнале резултат во преговорите, искоментира бугарскиот претседател РФуимен Радев при неговата посета на Велико Трново, јави дописникот на МИА од Софија.

Според него, партиите мора да дадат јасни гаранции дека нема да отстапат од овој правец и дека и ќе создадат таква влада, која ќе биде обединета со приоритети и цели што се во интерес на бугарските граѓани. Мотивите на привремените бугарски министри за внатрешни работи и за правда да побараат смена на главниот обвинител Иван Гешев се во одбрана на законот, а одлуката на Високиот судски совет да не го отстрани од функцијата е да се заштити статус кво-то, што беше одбиено од бугарскиот граѓани, рече Радев.