Радев ја критикуваше ГЕРБ за недовербата на бугарските граѓани кон вакцините

Бугарскиот претседател Румен Радев ја критикуваше ГЕРБ за недовербата на бугарските граѓани кон вакцините и управувањето со првиот и вториот бран на кризата со Ковид и тогашното затворање на Бугарија.
Тој повика и да се обезбедат бесплатни тестови насекаде и да се разгледа дали присуството на антитела не може да послужи како основа за издавање зелен сертификат. Ова се случи на вонредната средба на претседателот Радев со преодната влада формирана од него. Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот за здравство Стојчо Кацаров нагласи дека враќањето на децата во училишта е можно, се додека се гарантира безбедна средина.
Според него, тоа би можело да се постигне со масовно тестирање. Кацаров и вицепремиерот Галаб Донев се сретнаа со директорите на болниците во Софија и договорија дополнителни мерки за спречување на пациентите да патуваат од една во друга болница, како и отворање дополнителни кревети.
Од почетокот на учебната година во Бугарија на 15 септември до 10 октомври бројот на наставници во карантин е зголемен речиси трипати, а бројот на ученици во карантин околу петпати или околу 12.000 деца. Министерот за финансии на Бугарија изјави дека ќе ги поддржи мерките што ги преземаат неговите колеги, министрите за здравство и образование.
Ново на Сител
-

Хавана ја нарече „неморална и криминална“ американската политика на блокада на Куба
-

Најмногу дожд во Охрид, најстудено на Попова Шапка
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
-

Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот
-

Во Собранието ќе заседаваат осум комисии
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд
