Радев го свикува Националното собрание на Бугарија в среда
Претседателот на Бугарија Румен Радев најави денеска дека ќе го свика новото Национално собрание на 21 јули на прва седница.
– Сега е време бугарските политичари да ја завршат својата работа, да најдат обединување, да најдат пресеци од нивен интерес, што всушност ќе бидат интереси на сите Бугари, нагласи тој.
Радев им ја честиташе изборната победа на партијата „Има таков народ“.
Тој посочи дека она што тие го сторија вчера, всушност беше отворање на вратата за дијалог и изнаоѓање консензус за решавање на проблемите во политичкиот систем.
На прашањето кога ќе започнат консултациите со него, Радев потсети дека има јасен уставен модел и увери дека ќе го следат без никакви одложувања.
– Мора да се формираат парламентарни групи, тогаш мора да ги поканам сите претставници на консултации и да го предадам првиот мандат.
Според него, страните конечно мора да го најдат патот едни кон други и дека станува збор за дијалог и изнаоѓање заеднички пристап и позиции.
Во врска со идејата за привремената влада да биде на редовна основа, шефот на бугарската државата истакна дека и предлозите и одобрувањето на таквата одлука зависат од бугарските пратеници, од слободната волја на самите министри и најмногу од изнаоѓањето консензус и обединување околу јасни принципи и приоритети.
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
