Радев: Европските лидери конечно разбраа каде е вистинскиот проблем со Македонија
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека е задоволен што европските лидери „конечно разбрале каде е вистинскиот проблем со Северна Македонија“ и оти сите обиди да се изврши притисок врз Софија се контрапродуктивни.
– На сите европски совети – од мај, разговарав со секој европски лидер на тема РС Македонија. Сакам да им се заблагодарам, бидејќи по втор пат темата е надвор од дневен ред. Нашите партнери конечно разбраа каде е вистинскиот проблем. Проблемот длабоко влијае на основата на самата ЕУ – човековите права и недискриминацијата, изјави Радев за бугарските медиуми во Брисел каде што учествува на шестиот самит на Источното партнерство и Европскиот совет.
Радев, како што пренесува БГНЕС, истакна дека Софија ќе продолжи да ја брани својата позиција, не само историјата, посочувајќи оти главен приоритет е почитувањето на човековите права на луѓето со бугарски идентитет.
– Не даваме рокови. Овој процес не е воден од рокови, туку од резултати, рече Радев.
Според него, сите обиди за притисок врз Бугарија се контрапродуктивни.
– Францускиот претседател Емануел Макрон јасно ја знае позицијата на Бугарија и затоа не очекувам притисок. Имаме јасен договор. Со Франција мораме да ги решиме енергетските прашања, додаде Радев
Ново на Сител
-
Оружје и муниција пронајдени кај 75-годишник од Трубарево
-
Голем интерес за билети за СП 2026
-
Во келијата на Васев пронајдени три мобилини телефони, тој тврди дека не се негови
-
Трамп: Упадот со беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Дрисла, 13 пожари на отворено целосно изгаснати
-
Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО
-
ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната
-
Нетанјаху: Нема да има палестинска држава