Радев: Бугарија очекува Северна Македонија да ги почитува правата на своите граѓани

Евроинтеграцијата на земјите од Западниот Балкан беше главна тема на телефонскиот разговор на претседателот на Бугарија, Румен Радев со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер, соопшти Прес-службата на шефот на бугарската држава.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, во разговорот Радев посочил дека во интерес на стабилноста на Обединета Европа е секоја земја кандидат за членство во ЕУ да ги почитува европските вредности поврзани со правата на своите граѓани, при што нагласил дека Бугарија очекува категорични резултати од Република Северна Македонија по ова прашање, пред да даде согласност за почеток на преговорите со Унијата.
Радев ја потврдил и поддршката на Бугарија за почеток на преговарачкиот процес за членство на Албанија во ЕУ, по, како што нагласил, сериозните реформи на земјата во судството, економијата и заштитата на националните малцинства.
Во врска со војната во Украина, бугарскиот претседател дал висока оценка за дипломатските активности што ги преземаат Германија и претседателот Штајнмајер, насочени кон деескалација на конфликтот и прекин на воените дејствија.
Радев, исто така, посочил дека покрај мерките за воената и енергетската безбедност на Европа, мора да се преземат брзи активности и да се спречи криза со храната во регионите блиски до европскиот континент, како последица на прекинот на испораката на житни култури од Русија и Украина.
Ново на Сител
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
