Раде Силјан добитник на меѓународната награда „Арка“
Меѓународната награда „Арка”, која истоимената издавачка куќа од Смедерево ја доделува за најдобра книга од странски и најдобра книга од домашен автор објавена на српски јазик во текот на годината, годинава им припадна на македонскиот поет Раде Силјан и на доајенот на современата српска поезија и врвен српски интелектуалец Лаза Лазиќ.
Силјан е награден за избраните и нови песни објавени на македонски и српски јазик „Огледало векова”/„Огледало на вековите” (избор и превод Ристо Василевски), а Лазиќ за спевот „Клинесто писмо”.
Одлуката едногласно ја донело меѓународно жири под претседателство на Санде Стојчевски, поет, критичар и есеист од Македонија, и членовите: акад. Елка Њаголова, претседателка на Словенската академија на литератури и уметности (Варна, Бугарија), акад. др Миќо Цвиетиќ и акад. Душан Стојковиќ (Србија) и акад. Ристо Василевски, директор на издавачката куќа „Арка”.
Ова меѓународно признание се доделува од 2003 година и досега го добиле: Миодраг Павловиќ, Љубомир Левчев, Томаж Шаламун, Георге Шварц, Еуген Урикару, Николај Петев, Стефани Сенар, Јован Зивлак, Ранко Рисоевиќ, Радомир Андриќ, Адам Пуслојиќ, Стеван Тонтиќ, Душко Новаковиќ... Меѓу македонските поети и писатели, лауреати се академиците Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ, поетот Санџде Стојчевски и драмскиот писател и романсиер Јордан Плевнеш.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свеченост на 16 декември во Здружението на писатели на Србија (УКС), кога ќе бидат промовирани и нивните книги. За нив ќе зборуваат членовите на жирито, академиците Душан Стојковиќ и Миќо Цвиетиќ, а наградите на годнашните добитници ќе им ги врачи акад. Ристо Василевски, директор „Арка”.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола