-->
-->
Раца нов кошаркарски селектор на Македонија
-->

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) го назначи 55-годишниот српски тренер Драган Раца за нов селектор на кошаркарската репрезентација. Раца потпишал двегодишен договор до 2018 година , но втората година е условена со пласман на националниот тим на Евробаскетот во 2017 година.
Раца ќе ги води „црвено жолтите“ во квалификациите за Европскиот шампион во 2017 против селекциите на Луксембург, Унгарија и Велика Британија.
Раца својата тренерска кариера ја започнал во 2002 година на клупата на АЕЛ Лимасол од Кипар, потоа водел и екипи во првенствата на Либан и на Кина. Неговиот последен ангажман е во кинескиот Чунгкинг флај драгонс, претходно бил тренер и на Ираклис, Олимпиас Патра, Апоел, Сагаза (Либан) и кинески Гуангжоу.
Српскиот тренер, инаку, досега бил и селектор на репрезентациите на Либан (2007-2009) и Кипар (2004-2005).
На стартот на тренерската кариера во 2002 година Раца е прогласен од страна на ФИБА за најдобар тренер почетник во Европа, а три години подоцна во 2005 година го добива и признанието најдобар тренер во клупските натпреварувања под капата на ФИБА. Во 2007 година како селектор ја водел селекцијата на Либан до сребрениот медал на Првенството на Азија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
