Бизнис
6. November 2017 - 21:25
Работниците од Еурокомпозит повторно на протести
Вработените од прилепскиот загубар “Еурокомпозит - 11-ти Октомври”, револтирани од се уште неисполнетите ветувања, а дадени уште пред дваесетина дена од страна на новата Влада дека конечно ќе ги добијат заостанатите плати и ќе им бидат платени придонесите, денеска ги реактивираа протестите, при што, тие помош побараа од новата локална власт и од пратениците.
По остварената средба со новиот градоначалник, вработените добија и извесни, нови ветувања, но работниците не отстапуваат од намерата да продолжат со протестите.
Инаку, прилепски “Еурокомпозит - 11-ти Октомври” е единствениот македонски загубар. Има 260 вработени чија просечна старост е над 50 години.
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->