Работниците кои се затруле во штипска „Актива“ се пуштени на домашно лекување
Дваесет и еден работник од штипската фирма „Актива“ вчера попладнето се затруле, откако го консумирале ручекот.
Директорот на Клиничка болница - Штип, Ален Георгиев вели дека вчера од 13 до 20 часот на Инфективното одделение се згрижени 21 работник, кои се јавиле со симптоми на повраќање и дијареа. Откако ја добиле медицинската помош пуштени се на домашно лекување.
Сопственикот на компанијата Актива, Илија Николов вели дека по труењето на работниците, сега ги чекаат резултатите од Санитарната инспекција.
- Се вршат испитувања. Има претпоставки дека е од храната. Ги чекаме резултатите од Санитарната инспекција. Таа е на терен, од изутрината вршат испитувања на местото каде се подготвува храната, што ние ја добиваме од фирма специјализирана за тоа. Ние како компанија веднаш реагиравме. По првите симптоми сите работници од наша страна се однесени во болница, а дел веќе се вратија и на работа, вели Николов
Ова е прв случај во некоја од штипските фабрики да има труење на работници од храна. Резултатите од надлежните инспекции се очекуваат во понеделник.
Ново на Сител
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите
-
Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
-
Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна