Бизнис
25. December 2015 - 20:34

Работници на Југохром бараат фабриката да продолжи со работа

Околу 200 работници на Југохром Фероалојс денес се собраа пред фабриката во Јегуновце за да јавно да побараат нивната компанија да продолжи со работа. Тие сметаат дека неоправдано е извршен притисок од страна на еколошките здруженија и општина Тетово за да се прекине со работа.

-Нашите сознанија се дека Југохром не е најголем загадувач во тетовско. Ве уверуваме дека 4-5 дена по прекинот со работа ситуацијата ќе биде иста, односнио загадување на воздухот во Тетово ќе има. Пример за тоа е и случајот во Скопје, каде Макстил не работеше, а загадување имаше. Нема да дозволиме да останене без парче леб поради нечии интереси,  изјави Бајрам Амити од синдикатот.

Работниците велат дека загадувањето од страна на Југохром е минимално и го поддржуваат раководството во напорите да се продолжи со работа.  

-Ние порано сме работеле со капацитет од 80 мегавати, а сега само со 20. Нема да дозволиме да некој ни ја одземе егзистенцијата. Филтри се поставуваат тековно, и ако некој кажува спротивн тоа е лага, велат работниците. .

-Некој сака да им го одземе лебот на 1060 работници, Ние ќе докажеме дека не сме најголеми загадувачи, лесно. Потоа што треба да бараме ние, да бараме општиан Тетово да се затвори зошто најмногу придонесува за загадувањето, праша еден работник.

Вчера од фабриката Југохром фероалојс соопштија дека донеле одлука доброволно да го прекинат работењето, односно гаснење на двете печки кои сега се во функција.

Според управата одлуката е зошто имаат слух за состобата со загадувањето, но остануваат дна ставот дека нивната фабтрика не е единствениот апомалју е најголемиот загадувач.

Од Управата на Југохром имформираат дека паралелно со прекинот на работата ќе продолжат со сите планирани и веќе договорени активности за целосна примена на сите еколошки стандарди согласно законските прописи односно воведување на системот за отпрашување во планираниот рок.