-->
-->
Работнички очекува околу 10.000 навивачи за вечерашниот дуел со Рубин
-->

Екипата на Работнички вечерва (20:00 часот) во Националната Арена „Филип Втори“ го игра првиот натпревар од баражот од Лига Европа. Ривал на македонскиот претставник е руската екипа Рубин.
Според информациите од клубот на вечерашниот натпревар се очекува околу 10.000 гледачи да го следат дуелот. Притоа побарување за влезници сеуште има, а по цена од 200 денари можат да се купат и на билетарницата која се наоѓа на Источната трибина на Нацаионалната Арена „Филип Втори“.
По трите успешно минати елиминациски кола (Флора, Јелгава и Трабзон) македонскиот тим е на чекор од настапите во групната фаза на ова натпреварување.
Во редовите на Работнички се свесни за постигнатото и истакнуваат дека ќе се обидат на првиот натпревар во Скопје да остварат позитивен резултат. Тренерот Игор Ангеловски нема дилеми околу составот. Според најавата Работнички вечерва треба да истрча со следните 11 играчи: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Сахити, Вујчиќ, Петровиќ, Марковски, Алтипармаковски и Чума.
Тренерот Ангеловски за денешниот натпревар неможе да смета на капитенот Блаже Илијоски (поради жолти картони), како и на Душко Трајчевски (исклучен на дуелот со Трабзон, но и повреден).
- Тимот го надополнува секое отсуство. Најважно од се е како ќе игра мојата екипа и ќе мора да ја играме нашата игра. И на овој дуел ќе се обидеме да наметнеме висок пресинг и да играме на гол повеќе, изјави Ангеловски.
Натпреварот ќе го унгарскиот судија Иштван Вад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На таткото на Вања ќе му се суди повторно, потврдени доживотните казни за Палевски и тројцата соучесници
-

Прилепчанка измамена за 700.000 денари преку Фејсбук, мислела дека помага за лекување на болно дете
-

Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
-

Затворениците во акција: Ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта во државата
