Кошарка
10. December 2016 - 21:11

Работнички и Фени Индустри ја продолжи победничката серија

Кошаркарите на Работнички и на Фени Индустри ја продолжија победничката серија во Првата лига. Двата тима остварија победи на вечерашните дуели од 5.коло. Во дербито на колото Фени Индустри го совлада Куманово на домашен терен во Кавадарци со 72:64, додека Работнички победи на гостувањето во Охрид против истоимената домашна екипа со 71:53.

Победа пред своите навивачи оствари и Кожув, кој го совлада Вардар со 73:49.

Последниот дуел од оваа рунда меѓу Пелистер и Струмица се игра во среда на 13.декември.

Табела: Работнички 5-0 (победи-порази), Фени Индустри 5-0, Куманово 3-2, Струмица 2-2, Кожув 2-3, Охрид 2-3, Пелистер 1-3, Вардар 0-5.