Фудбал
6. August 2015 - 12:34

Работнички гостува кај Трабзон со позитива од еден гол

Македонскиот куп освојувач, екипата на Работнички вечер ќе го одигра реваншот со Трабзонспор од третото квалификациско коло во Лига Европа. „Романтичарите“ во Турција отпатуваа со предност од 1:0 остварена на дуелот во Скопје.
 
Тренерот на Работнички Игор Ангеловски фаворитската улога ја препушти на ривалот, но истакна дека така беше и во Скопје, но вели дека неговите избраници покажале дека имаат квалитет за пласман во следната фаза.
 
- Трабзонспор е фаворит, ама ние ќе сториме се за да влеземе во плеј-офот. Ќе се обидеме да ја играме нашата препознатлива игра, а како ќе се одвиваат работите на теренот останува да видиме. Покажавме дека имаме сила и квалитет да играме со силни противници, па очекувам така да биде и со Трабзонспор, истакнува Ангеловски.
 
Натпреварот почнува во 19 часот по македонско време.