-->
-->
Работнички го доби дербито против Силекс, победи на Вардар и Шкендија
-->

Водечкото трио на табелата Вардар, Шкендија и Работнички , забележаа победа на натпревраите од 23.коло во Првата лига одиграни попладнево.
Дерби дуелот одигран на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, му припадна на Работнички кој со 2:0 со совлада Силекс.
„Романтичарите“ поведоа со голот Горан Силјановски постигна со удар од 35 метри, кој во 59.минута го искористи невниманието на гостинскиот голман Вујанац односно неговата лоша проценка. А, токму по акцијата на Силјановски во 66.минута Суад Сахити ги постави конечните 2:0 за Работнички.
Лидерот Вардар забележа сигурна победа на гостувањето во Ѓорче Петров против Македонија која ја совлада со 5:0. Гостинска победа оствари и Шкендија која со 3:1 ја совлада Брегалница.
Три бода освоија и фудбалерите на Ренова кои со 2:1 го победија Пелистер, а единствено дуелот Победа – Шкупи заврши без победник 1:1.
Табела:
1. Вардар 53 бодови,
2. Шкендија 47,
3. Работнички 39,
4. Пелистер 36,
5. Ренова 31,
6. Силекс 31,
7. Шкупи 22,
8. Победа 20,
9. Македонија ЃП 16 и
10. Брегалница 12.
1. Вардар 53 бодови,
2. Шкендија 47,
3. Работнички 39,
4. Пелистер 36,
5. Ренова 31,
6. Силекс 31,
7. Шкупи 22,
8. Победа 20,
9. Македонија ЃП 16 и
10. Брегалница 12.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјоделските задруги клучни за подобрување на конкурентноста
-

Аграрот старее, младите се повлекуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
