Работна средба за социјално ранливи категории граѓани во Куманово
Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита од општина Куманово и Германското друштво за меѓународна сорабпотка (ГИЗ) во соработка со Министерството за труд и социјална политика денеска организираа прв работен состанок.
Претставниците на новоформираното локално координативно тело за развој и превенција од социјални ризици на подрачјето на Куманово разговараа за идентификување на ранливи категории граѓани и решевање на актуелните потреби на граѓаните.
Целта на првиот работен состанок е креирање програма за превенција од социјални ризици, идентификација на социјалните проблеми, создавање услови за да можат локалните чинители да помогнат на одредени групи социјално ранливи категории граѓани. Сите релевантни институции можат да дадат свое мислење и препорака, по што ќе биде направена и презентирана програмата за развој, па ќе се насочат кон решавање на проблемот со кој се соочува одредена ранлива категорија граѓани.
- Прва целна група се децата на улица-питачи. Одделението за социјална заштита од општината оствари работна средба со претставниците на Министерството за труд и социјална политика, односно Центарот за социјални работи-Куманово, како и со МВР. Наша препорака е тие да бидат прва целна група бидејќи секојдневно се среќаваме со деца питачи и сметаме дека можеме да помогнеме, што не значи дека останатите категории нема да бидат опфатени во иднина, изјави Ивана Костовска, советник за социјална заштита и заштита на деца од Одделението за социјална заштита на општина Куманово.
Претставници од Министерството за труд и социјална политика ги обучуваа претставниците од општината, од Центарот за вработување, од Центарот за социјални работи, од Основниот суд, обвинителството, Црвениот крст, здравствените установи, градинките и училиштата како да одберат целна група и како да го решат проблемот на определена категорија граѓани.
Софија Спасовска од МТСП објасни дека граѓаните од различните општини имаат специфични потреби кои бараат координиран пристап на решение на нивниот проблем.
- Мора да се види во една општина која категорија е најранлива, кои се ресурсите, кои се нивните потреби, кои се можностите за развој на социјалната заштита, а сетоа тоа ќе го постигнеме ако се создаде меѓусекторска соработка во заедницата, рече Спасовска. Таа одржа обука на тема „Стратешки политки во процесот на децентрализација и јакнење на социјалната функција на општината“.
Во Координативното тело членуваат претставници од 22 институции на локално и државно ниво, урбани и месни заедници, училишта и невладини и граѓански организации кои во иднина заеднички ќе дејствуваат во решевање на проблемите на одредени категории граѓани.
Ново на Сител
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов
-
ЕУ воведува царини за САД
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската Република
-
Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
-
Николоски: Заеднички и одговорно ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници
-
Полицајци заедно со затвореник барале дрога во Штип, лажел дека бара часовник кој му го земал кучката Цеца | ВИДЕО