Работилница за зголемување на искористеноста на фондовите за поддршка на претпријатијата

Работилница за зголемување на искористеноста на државните фондови и програми за поддршка на микро, малите и средните претпријатија ќе се одржи денеска во Скопје.
За време на работилницата ќе бидат презентирани програмите за поддршка на микро, мали и средни претпријатија пред финансиски фасилитатори - консултанти и консултантски фирми специјализирани во обезбедување пристап до финансии.
Работилницата е организирана во рамки на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во партнерство со Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР), Агенција за поддршка на претприемништвото на РМ (АППРМ) и Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ).
Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ја кофинансира работата на финансиските фасилитатори со цел олеснување на пристапот на финансии за ММСП, овозможувајќи им да создадат нови работни места и да ја зголемат продуктивноста.
Поради комплексноста на процесите за пристап до финансии, експертизата која финансиските фасилитатори им ја нудат на фирмите е неопходна за зголемување на искористеноста на државните фондови и програми за поддршка на приватниот сектор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
