Работилница за јакнење на безбедноста на жените во урбаните јавни простори

„Право на град за сите“ е темата на регионалната конференција за промоција на зајакнување на безбедноста во урбаните јавни простори со фокус на жени и девојки што ќе се одржи денеска во Скопје.
Регионалната конференција е дел од актуелниот проект помеѓу UN Habitat Косово и UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените. Целта на проектот е да се зајакне правото на град за сите преку редуцирање на родовите нееднаквости во пристапот до јавниот простор и да се дадат препораки за сеопфатен пристап на политиките за развојот на јавните простори.
- Пристапот на жените и девојките кон јавниот простор е вообичаено обременет од страв за криминал или тероризирање. Уличното вознемирување и различните форми на насилство - исто како и заканувањата – се универзални прашања кои негативно влијаат на женските права за употреба на јавните простори, велат организаторите.
Воведни обраќања на регионалната конференција, како што најавуваат организаторите, треба да имаат Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје, Доминика Стојаноска, Раководителка на UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените во Скопје и Гвендолин Менетрир, Раководителка на канцеларијата на UN Habitat Косово.
Ново на Сител
-

Маж ставил 16-годишно момче во багажник бидејќи му ја мавал колата со топки снег
-

Верстапен прогласен за возач на годината за 2025 година од страна на Аутоспорт
-

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег
-

Кочанчанец со возило излетал од патот, повредени 5 малолетници
-

Полицајка од Штип оддавала тајни на нејзиниот брат за полициска акција со дрон
-

Кавадарчанка измамена преку СМС за лажен сообраќаен прекршок, и наплатиле близу 500 евра
-

Трамп: Одборот за мир би можел да стане едно од највлијателните тела некогаш основани
-

Владина делегација на форумот во Давос
