Работилница „Прашања и приоритети за водата за пиење“

Еднодневната работилница на тема „Прашања и приоритети за водата за пиење“ посветена на ЕУ Директива за водата за пиење ќе биде одржана денеска во Скопје.
Работилницата е дел од целите на НЧП за рамноправен пристап до питка вода и санитација за сите, а се одржува во рамките на проектот „Планирање на безбедноста на водата и санитацијата во Романија, Албанија и Македонија“, поддржан од Федерално министерство за животна средина,заштита на природата, градежништво и нуклеарна безбедност.
Тренингот ќе го одржи експертот за вода и санитација ,вонредениот професор на Факултетот за екологија и заштита на животната средина во Букурешт, Михаела Василеску, а за состојбата и регулативите на водата за пиење во Македонија ќе горовори проф. Михаил Кочубовски.
Работилницата е наменета за претставници на Центрите за јавно здравје, професионалците кои работаат во оваа сфера и претставници на НВО кои ја третираат водата.
Ново на Сител
-

Повторно отворен воздушниот простор на Иран
-

Почнува Европско првенство во ракомет 2026
-

Трамп: Украина го успорува евентуалниот мировен договор
-

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии
-

Лидерите на партиите во ЕП бараат конкретна и опиплива поддршка од ЕУ за Гренланд и Данска
-

Утринска магла и ветер од западен и северозападен правец
-

Америка го суспендира издавањето на иселенички визи за 75 земји, на списокот и нашата земја
-

Апел за помош - Исчезнат е Златко Максимовски
