-->
-->
Работа на брод: Секс секој со секого!
-->
Она што се случува на морето кога никој од туристите не гледа ги шокираше читателите на сајтот „Reddit“, кој покрена дискусија за животот и работата на крузерите.Многу секс меѓу екипажот и многу старци кои умираат на патувањата, се нешто што патниците не знаат, тврдат главно поранешните вработени на крузерите.
Некои ги споменаа и лошите услови во кои екипажот живее, а еден признава дека во кабината имало неколку, па морале да прават распоред за секс.
Многу од нив наведуваат дека токму малиот простор е “кривец“ за интимностите кои се случуваат меѓу екипажот.
-Сите имаат секс еден со друг, цело време. Постојат бесплатни кондоми во главната просторија, но половите болести сепак зачестија. Искрено не ме чуди како сите толку имаат секс кога сите делат соба.
-Но поголемиот број од работниците се на бродот осум месеци годишно, па сепак некако треба да се ослободат од тензијата и стресот, коментираше еден од вработените на крузерот.
Уште една причина е и што околу 20 луѓе, колку што најчесто брои екипажот, за долгото време на бродот добро се запознава. Дадава и дека постарите патници на бродот многу почесто отколку што луѓето мислат умираат, тврди еден поранешен работник.
-Еднаш ме прошетаа низ крузерот и ми ја покажаа мртовечницата. Имаа и одделни интензивни неги, па дури и хеликоптери, како би можеле работниците да ги однесат во болница ако некој се разболи, напиша друг.
Работниците наведоа и интерен детал околу однесувањето на гостите.
-Луѓето навистина се фрлаат во тоалетот. Би се изненадиле. Витлери, блузи, чевли… Се што не сакаат да спакуваат со себе кога заминуваат од бродот, вели тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
