Путин: Западот прави грешка што не соработува со Асад

Рускиот претсдетел Владимир Путин денеска изјави дека Западот прави грешка со тоа што не соработува со властите во Дамаск во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД).
- Сметаме дека е крајно погрешно што не се соработува со сириската Влада и со нејзините сили кои директно се соочуваат со тероризмот, изјави Путин во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.
Путин повика на соработка со силите лојалани на сирискиот претседател Башар ел Асад, бидејќи, како што рече, единствено тие „вистински се борат“ против ИД.
Како што јави ДПА, Путин ги отфрли обвинувањата дека во рамките на своите глобални амбиции Русија го засилува военото присуство во Сирија, нагласувајќи дека Москва „повеќе не може да ги толерира актуелните случувања во светот“.
Обраќањето на Путин следуваше откако претходно во својот говор пред Генералното собрание, американскиот претседател Барак Обама ја предупреди Русија да не го поддржува сирискиот претседател Асад, чија насилна репресија, како што рече, довела до хаосот во Сирија.
Обама нагласи дека напорите за уништување на џихадистичката група Исламска држава, не смеаат да доведат до зајакнување на позиците на „тиранинот Башар ел Асад“ во Сирија.
- Мораме да признаеме дека по толку злосторства и толку крвопролевање, (во Сирија) не може да се врати предвоениот стаус кво, рече Обама во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.
Обама истакна дека случувањата во Сирија претставуваат тест за системот на меѓународното право кое го штитат ОН, поздравувајќи ги при тоа дипломатските напори на Светската органзација за решавање на сириската криза.
Инаку, за вечерва во Њујорк, на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН, е најавена средба меѓу Обама и Путин.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
