Путин: Запад ја отвори Пандорината кутија со признавањето на Косово

- Запад изврши притисок врз Меѓународниот суд на правдата во Хаг да ја признае независноста на Косово и со тоа ја отвори Пандорината кутија, предизвикувајќи криза, како во Каталонија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
- Јас не сметам дека создавањето монооетнички држави е лек против евентуални судири, рече Путин во говорот на завршната пленарна седница на Меѓународниот дебатен клуб „Владај“ во Сочи.
Напротив, како што рече, поделбите и декларациите за суверенитет и воспоставување моноетнички држави можат да предизвикаат судири поради спроведување интереси на тие нови држави и тоа најверојатно ќе се случи.
Тој верува дека обединетите држави со големи граници имаат повеќе шанси за водење избалансирана политика.
Рускиот претседател потсети како е призната независноста на Косово. Тој покажа и прочита некои документи, меѓу кои и документ од октомври 2008 година кога Генералното собрание на ОН ја усвои Резулуцијата 63/3 и кога беше поставено прашањето за тоа дали унилатералната декларација на косовските институции е во согласност со одредбите на меѓународниот закон.
- Меѓународниот суд на правдата во Хаг, по двегодишно разгледување, усвои заклучоци во кои, на 7 февруари 2008 година, наведе дека со косовското прогласување независност не се прекршени меѓународни закони, рече Путин.
Тој истакна дека сите заклучоци на Меѓународниот суд во Хаг не се однесуваат само на случајот со Косово, туку на примена во сите случаи за прогласување декларација за независност на територијата на една држава.
- Ова експанзивно толкување на правните норми ја отвори Пандорината кутија, рече Путин.
Тој исто така наведе пример како западните држави извршиле притисок на судот за да се признае декларацијата и усвојувањето на препораките во врска со таа ситуација.
Путин исто така посочи дека државите членки на Европската унија со распаѓањето на некои земји и одвојувањето на Косово сами поттикнале развој на сепаратизмот во Европа и дека сега сами си нанеле удар, како што е случај со Каталонија.
Рускиот претседател потсети дека Европа своевремено прифати голем број држави, по што едногласно го поддржа одвојувањето на Косово, предизвикувајќи слични процеси во другите региони на Европа и во светот.
Ново на Сител
-

Протест на студентите и граѓаните кои работеле во странство пред УЈП - не сакаат да платат данок ретроактивно
-

Мицкоски: Имам чувство дека поранешни премиери од опозицијата ќе бидат под прогон
-

Средба Муцунски - Прево
-

Пратениците со оценка 5,7 за тоа каков говор користат на говорница
-

„Безбеден град“ казнува електронски, но потврдите за уплата сè уште се доставуваат лично на шалтер
-

„Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – нови снимки од насилството на Стојанче Јовановски
-

Верските лидери со заедничка осуда на обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Мицкоски: Цените во маркетите пораснале за 0,4%, покажа анализата на ДПИ и Министерството за труд
