Путин возел такси по распадот на Советскиот Сојуз
Рускиот претседател Владимир Путин откри дека возел такси за да врзе крај со крај по распадот на СССР.
Путин откри дека повремено работел како таксист за да ги зголеми своите примања.
„Понекогаш морав да заработам дополнителни пари“, рече Путин.
„Мислам, дополнително заработувате, како приватен возач. Незгодно е да се зборува за тоа, да бидам искрен, но за жал беше така“.
Распадот на СССР е колапс на историска Русија
Крајот на СССР донесе со себе период на интензивна економска нестабилснот која многумина втурна во сиромаштија додка новата независна Русија преминуваше од комунизам во каптиализам.
Путин, поранешен агент на советските безбедносни служби КГБ, кој жалеше за распадот на СССР, рече дека тој распад пред три децении останува трагедија за повеќето граѓани.
„Всушност, што е распадот на Советскиот сојуз? Тоа е колапс на исориска Русија под името Советски сојуз“, рече рускиот лидер.
Верен слуга на Советскиот сојуз, Путин беше ужаснат кога се распадна и еднаш го нарече колапсот „најголема геополитичка катастрофа на 20 век“.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
