Свет
20. October 2017 - 10:54

Путин во одбрана на Трамп

Рускиот претседател Владимир изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е непредвидлив, поради тоа што неговите противници во САД го спречуваат да исполни голем број од неговите предизборни ветувања.

- Неговата непредвидливост не е само врз основа на неговата природа. Втора причина е големиот отпор во земјата, бидејќи го спречуваат да ги реализира предизборните иницијативи. Така што не е во ред да се каже дека е непредвидлив по природа, туку тоа зависи од политичкиот систем на САД.

Тој додаде дека Москва ќе соработува со Трамп и покрај сите потешкотии.

Путин наведе и дека Трамп треба да биде почитуван бидејќи има демократски мандат.

- Тој е избран од американскиот народ и поради тоа треба да се почитува, дури и ако не се согласуваме со некој негов став, посочи Путин на Форумот за меѓународна политика во Сочи, додавајќи дека САД покажуваат непочитување кон Трамп.

Путин потенцира и дека Русија ќе соработува со американските партнери.

- САД се најголема светска и економска сила. За жал, нашата трговија е безначајна, но сеедно, влијанието на САД во светот е многу значајно. Таа земја дефинитивно е еден од нашите најважни партнери. Соработуваме со нив и покрај потешкотиите, под услов дека и тие го сакаат истото. Ако не, тогаш нема да го правиме тоа, наведе Путин.