Loading Video...
Свет
27. January 2022 - 16:36

Путин внимателно го разгледува одговорот од САД

Русија е разочарана. Од САД не доби позитивен одговор за нејзините барања за кои Москва вели дека ќе ја подобрат безбедноста во Европа. Главните барања се Украина никогаш да не стане членка на НАТО и воениот сојуз да ги повлече трупите и оружјето од Источна Европа. Одговор на Русија ќе биде познат откако Путин внимателно ќе го разгледа пишаниот одговор од Вашингтон, доставен во координација со НАТО соопши портпаролот на рускиот претседател.

Шефот на американската диплоамтија вели дека документот кој нема да биде објавен јавно може да го отвори патот за дипломатаско решавање на кризата околу Украина ако Русите сакаат.

И првиот човек на НАТО порача дека безбедноста во Европа може да се реши со дијалог и дипломатија. Од Кремљ велат во интерес и на Москва и на Вашингтон дијалогот да продолжи, но забелешките на САД и НАТО дека главните барања на Русија се неприфатливи, оставаат малку простор за оптимизам.