Путин утврди доктрина за информациска безбедност на Русија
Рускиот претседател Владимир Путин утврди доктрина за информациска безбедност во земјата, јави ТАСС.
Путин потпиша соодветен указ, кој беше објавен на рускиот официјален сајт за правни информации.
- Оваа доктрина претставува систем од официјални ставови за обезбедување на националната безбедност на Руската федерација во информациската сфера, стои во документот.
Во текстот се предупредува дека серија земји ги зголемуваат нивните можности за влијание врз руската информациска инфраструктура и ги засилуваат дејствијата за техничко разузнавање во руските државни органи, научно организации и претпријатија со обранбено-индустриски карактер.
Тоа е еден од основните негативни фактори, кој влијае на статусот на информациската безбедност во Русија, се наведува во доктрината.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали