Путин: Украина не ги исполни условите од мировниот договор
Рускиот претседател Владимир Путин во Техеран изјави дека Москва не ја гледа желбата на Украина да ги исполни условите од „прелиминарниот мировен договор од март“.
На крајот од посетата на Иран, Путин рече дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати понудиле да посредуваат меѓу Русија и Украина.
Украинската влада не одговори веднаш на изјавите на Путин.
Запрашан за можна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Путин рече дека Киев не се придржувал до условите од прелиминарниот мировен договор за кој рече дека „практично е постигнат“ во март.
„Конечниот резултат, се разбира… зависи од подготвеноста на страните да ги спроведат постигнатите договори. Денес гледаме дека властите во Киев немаат таква желба“, рече Путин.
Преговорите се водеа во март, кога двете страни дадоа предлози, но без напредок. Зеленски тогаш рече дека може да се верува само на конкретен резултат од разговорите.
Путин вчера во Техеран се состана со иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, продлабочувајќи ги врските меѓу двете земји, кои се под санкции од Западот.
За време на неговата посета на Иран, Путин се сретна и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со кого разговараше за договорот за обновување на извозот на жито од Црното Море од Украина, кој моментално е блокиран од Русија.
Ново на Сител
-
Николоски: Очекувам во брзо време инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија
-
Се уште трае блокадата на РТС во Белград
-
Продолжува сведочењето на Палчо
-
Денеска е Велика Среда
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина
-
Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина