Путин: Соборувањето на авионот е нож забиен во грбот на Русија
Нападот врз рускиот авион Су-24 е нож во грбот на Русија, забиен од страна на соучесниците на терористите, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Тој предупреди и дека соборувањето на рускиот авион ќе има сериозни последици по руско-турските односи.
- Не можам на поинаков начин да го оквалификувам тоа што се случи, изјави Путин на заедничката прес-конференција со кралот Абдулах Втори во Аман.
Путин истакна дека рускиот Су-24 на ниту еден начин не ја загрозувал Турција. Авионот бил во операција против Исламска држава (ИД) и се наоѓал на оддалеченост од четири километри од турската граница, на територијата на Сирија.
Турција ги извести САД дека соборила турски воен авион откако бил нарушен нејзиниот воздушен простор. Првпат една земја-членка на НАТО од 50-тите години на минатиот век соборува руски или советски авион.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава