Путин со порака до Гани: Подготвеност за заедничка борба против тероризмот
Рускиот претседател Владимир Путин му упати порака на својот авганистански колега Ашраф Гани во која изрази подготвеност за активна заедничка борба против сите форми на тероризам после експлозиите во Кабул, во кои вчера погинаа најмалку 80 лица, пренесоа руските медиуми, цитирајќи го Кремљ.
„Шефот на руската држава остро го осуди ова цинично злосторство што беше изведено против мирни граѓани и ја повтори подготвеноста за најактивна соработка со властите и народот на Авганистан во борбата против сите видови тероризам“, соопшти Кремљ, а пренесоа руските медиуми.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани претходно денешниот ден го прогласи за Ден на жалост во земјата заради нападот во Кабул со бомбаши самоубијци изведен врз поголема група демонстранти, припадници на малцинската заедница Хазари, во кој настрадаа најмалку 80 лица и ранети се уште 231 лице, забележаа американските медиуми.
Исламска држава, преку својата агенција Амак, ја презеде одговорноста за нападот.
Ново на Сител
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот