Путин: Се надевам дека обвинителите ќе направат се терористите да бидат казнети
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека истражителите ги утврдуваат околностите на терористичкиот напад во Москва и додаде дека се надева оти обвинителите ќе направат се’ за терористите да бидат казнети.
„Се надевам дека обвинителите, во рамките на нивните овластувања, вклучително и при покренување државни обвиненија и за време на судскиот процес, ќе направат се што е потребно за криминалците да добијат правична казна.
Како што налага рускиот закон“, рече Путин на состанокот. на колегиумот на Генералното обвинителство на Руската Федерација.
Тој додаде дека безбедноста на граѓаните, зголемувањето на суверенитетот и зајакнувањето на законот и редот се уште се клучните политички цели на руските власти.
Тој најави отпочнување на националниот проект „Младите на Русија“ во чии рамки, како што рече, ќе се работи на заштита на правата на малолетниците.
„Ќе направиме се за да обезбедиме децата и адолесцентите да бидат заштитени од криминални напади и ризик да бидат вовлечени во криминална и екстремистичка средина“, рече Путин.
Во нападот на 22 март во концертната сала „Крокус“ во Москва загинаа најмалку 139 лица, а повеќе од 180 беа повредени. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава.
Ново на Сител
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди