Путин: Самитот беше успешен, виновни се противниците на Трамп во САД
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека неговиот прв самит со претседателот на САД Доналд Трамп бил успешен, но исто така, ги обвини противниците Трамп во САД за попречување на напредокот за прашањата за кои тој се сретна со шефот на Белата куќа.
Путин, обраќајќи им се на руски дипломати во Москва изјави дека односите меѓу САД и Русија, „на одредени начини се полоши отколку во текот на Студената војна", но дека на средбата одржана во понеделникот, нему и на Трамп им било овозможено да одат по „патот на позитивни промени“.
- Ќе видиме како работите ќе се развиваат понатаму", рече Путин.
Тој изрази загриженост во врска со „силите“ во САД, кои не ги именуваше, но рече дека тие се обидуваат да спречат какво било подобрувања во односите, особено во однос на соработката во Сирија или контролата на вооружувањето.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден