-->
-->
Путин: Русија произведе вакцина против ебола
-->
Рускиот претседател Владимир Путин соопшти денеска дека научниците од неговата земја развиле вакцина против ебола, вирус од кој починаа илјадници лица во западна Африка.
Путин не го наведе називот на вакцината, како функционира, кој работел на неа, ниту изнесе детали за евентуалното тестирање на вакцината.
- Имаме добри вести. Регистриравме лек против ебола, кој по соодветните тестови се покажа како исклучително ефикасен, поефикасен од лековите кои досега се користеа за таа цел во светот, изјави Путин, пренесува Танјуг.
Досега не постоеше вакцина или лек против ебола кој би бил одобрен за употреба, а Светската здравствена организација наложи забрзано да се работи на осмислување лекови против тој вирус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола