Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани

Русија минува низ тежок период, но тој ја научи земјата на многу нешта – изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Путин вети дека ќе ја гарантира безбедноста на државата и ќе се справи со предизвиците, додека Киев продолжува со нападите врз руската воена и енергетска инфраструктура во обид да ги ослабне воените капацитети на Москва.
-Ги гледаме проблемите. Ги признаваме и реагираме на нив. Но, без сомнение ќе ја гарантираме безбедноста на земјата и на нашите граѓани – изјави Путин на конгресот на неговата партија „Единствена Русија“, одржан во пресрет на септемвриските избори.
-Несомнено ќе ги надминеме сите предизвици со кои денес се соочуваме, вклучително и терористичките напади врз нашата територија и инфраструктура – додаде тој, осврнувајќи се на украинските напади врз руска територија.
Во последните месеци Украина ја засили кампањата на напади врз Русија и регионите под руска контрола, наведувајќи дека тие претставуваат одговор на руските бомбардирања, кои речиси секојдневно предизвикуваат жртви и разурнувања од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година.
Киев особено ја таргетира енергетската инфраструктура со цел да ги намали приходите од извозот, кои, според украинските власти, му овозможуваат на Кремљ да ја финансира војната.
Рускиот претседател зборуваше само неколку часа по, како што ја опишаа властите, „масовната“ украинска операција со беспилотни летала врз Краснодарскиот крај во југозападниот дел на Русија. Според регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев, загинало едно лице, а избувнал и пожар во големата рафинерија во Славјанск на Кубањ.
МИА
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
