Путин разочаран од руско-американските односи

Рускиoт претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е разочаран во американскиот претседател Доналд Трамп, туку во непредвидливиот систем на руско-американските односи.
- Не сум разочаран, напротив тој (Трамп) остави многу добар впечаток врз мене на лично ниво. Не сум разочаран во партнерот туку во целиот систем. Тешко е да се носиме со таков систем затоа што е непредвидлив, рече Путин во интервју за филмот на Владимир Соловјев „Светскиот поредок 2018“.
Зборувајќи за санкциите кои се воведени против Русија, тој рече дека нивната цел е Русија да се скроти.
- Санкциите се многу старо, ако не и античко оружје со кое се служат многумина, вклучувајќи ги и американските партнери. Работите од секогаш вака стоеле – штом Русија стане силна и моќна држава, нашите партнери почнуваат да паничат и се обидуваат да ја скротат Русија, рече Путин и додаде дека тоа е начин за натпреварување, но не е фер и праведен.
Ново на Сител
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
