Путин разговараше со членовите на Советот за безбедност за односите на Русија и САД
Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа состанок со членовите на рускиот Совет за безбедност, каде првенствено разговараше за руско-американските односи и сириската криза, наведе портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Пред утрешниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, Путин разговараше со членовите на рускиот Совет за безбедност за моменталната состојба на билатералните односи на САД и Русија, јави ТАСС.
- Имаше размена на ставовите за моменталната состојба на руско-американските односи, истакна Песков.
Учесниците на состанокот разговараа и за решавање на судирите во Сирија.
- Учесниците на состанокот разговараа и за резултатите од преговорите во Астана и понатамошните обиди за наоѓање на политичко решение за сириската криза, додаде Песков.
Кремљ претходно соопшти дека Путин има намера, при телефонскиот разговор, да му го честита на Трамп стапувањето на должноста американски претседател и со него да ги размени ставовите за моменталната состојба на билатералните односи.
Песков претходно прецизираше дека Трамп и Путин ќе одржат телефонски разговор во сабота навечер.
Запрашан дали ќе се зборува за Украина, Песков одговорил дека е мала веројатноста оти тие ќе опфатат голем број теми, со оглед на тоа дека ова е нивен прв разговор од инаугарацијата на Трамп.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток