-->
-->
Путин: При промена на Уставот не треба да се изгуби ништо
-->
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека при промена на Уставот мора да се провери секоја буква и запирка и дека не треба да се изгуби ништо.
– Многу е важно да се провери секој збор, секоја запирка, но во исто време да не се дисецира нешто што е создадено со работата на нашиот народ во тековниот Устав. Не треба да се изгуби ништо, туку да се одговори на денешните предизвици, рече Путин на состанокот со работната група за измени на Уставот.
Според него, работната група почна со работа веднаш по првиот состанок на 16 јануари.
Тој додаде дека бројот на предложени амандмани веќе достигна 500.
– Тоа е сериозен предизвик, рече Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод