Свет
27. November 2025 - 11:33

Путин предлага голема програма за опремување на ОДКБ со руско оружје

Рускиот претседател Владимир Путин најави иницијатива за започнување голема програма за опремување на сојузниците од Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) со модерно руско оружје и воена опрема.

На самитот на ОДКБ во Бишкек, Путин истакна дека Русија ќе ја продолжи блиската соработка со сојузниците за да ја зголеми борбената подготвеност на националните контингенти и да го унапреди командувањето и контролата на колективните сили, пренесе ТАСС.

– Ќе ги насочиме нашите напори кон зголемување на борбената готовност на националните контингенти и подобрување на командата и контролата на колективните сили, рече Путин, говорејќи за претседавањето на Москва со организацијата во 2026 година.

Тој нагласи дека во програмата ќе се користи опрема која „веќе докажала ефикасност во реални борбени ситуации“.

Руското претседавање со ОДКБ во 2026 година ќе биде под мотото: „Колективна безбедност во мултиполарен свет: Заедничка цел – заедничка одговорност“. Москва планира да одржи континуитет во клучните области на соработка и да ги развива односите меѓу членките на принципите на сојузништво, пријателство и меѓусебно почитување.

Ново на Сител