Свет
26. January 2017 - 20:20

Путин повика на зајакнување на борбената способност на руските Вооружени сили

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на зајакнување на борбената способност на руските Вооружени сили, вклучувајќи го и намалувањето на времето за распоредување на воените единици.

- Значењето на копнените сили, заедно со авијацијата и морнарицата, во воените судири е високо. Нашата задача е да им обезбедиме најдобар хардвер, современа опрема и значајно да ја засилиме нивната борбена способност, рече Путин.

Тој  истакна дека мобилноста е еден од главните показатели на ефикасноста на копнените сили во текот на трансферот на војници на големи растојанија и ниванта брза распределба.

- Мораме да го зголемиме времето за такви активности, додаде Путин, пренесе „Спутник интернешенел“.

Рускиот претседател, воедно, изрази надеж дека руските Вооружени сили  ќе бидат значително зајакнати со новиот повеќенаменски авион ловец „МиГ-35“.

-Пред се сакам да Ви честитам на овој важен настан, на почетокот на пробните летови на нашиот нов лесен борец „МиГ-35“, рече Путин во текот на видео конференцијата по повод почетокот на тестирањето на овој авион.

Тој додаде дека новиот борбен авион има унапредени карактеристики, како и дека е опремен со најсовремено оружје и е способен за следење од 10 до 30 цели.

- Имам големи надежи дека нашите Вооружени сили ќе бидат значително зајакнати со ова летало, рече Путин.