Путин потврди дека Русија за неколку дена ќе им ги предаде на САД предлозите за безбедносните прашања
Официјална Москва за неколку дена ќе ги изработи своите предлози за безбедносните прашања, а потоа ќе им ги предаде на САД, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Путин во видео разговорот со американскиот претседател Џо Бајден, во вторникот, кажа дека допреле безбедносни прашања.
-Тоа е тема за друг разговор. Се договоривме да ја продолжиме оваа дискусија и дека тоа ќе го направиме на содржаен начин, дека во иднина ќе ги размениме нашите размислувања за тоа прашање, рече Путин на прес-конференција, пренесе Тасс.
Рускиот претседател прецизираше дека неговата земја во рок од само неколку дена ќе ги подготви своите предлози, а за една недела ќе ги достави на разгледување до американската страна.
-Се договоривме дека ќе се формира соодветно тело кое професионално ќе се занимава со ова, рече рускиот претседател.
Претходно денеска Путин оцени дека проширувањето на НАТО на исток, кое ја вклучува Украина во Алијансата, е многу чувствително прашање за руската безбедност.
Рускиот и американскиот претседател во вторникот ја имаа втората средба, овој пат, двочасовен видео разговор, на кој станало збор за Украина и другите спорови во американско-руските односи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден