-->
-->
Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО
-->
Политиката на САД сериозно го дестабилизира Балканот, а Русија ќе продолжи со воено-техничката соработка со Србија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на утрешната посета на Белград, во интервјуто за весниците „Политика“ и „Вечерни новости“.
Говорејќи за добрите економски и политички односи со Србија, рускиот претседател одговарајќи на прашањето за дестабилирачката улога на Русија на Балканот, според западните политичари, даде оценка и за Македонија, дека постои силен надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО.
– Кога зборуваме за ситуацијата на Балканот, сериозен дестабилизирачки фактор тука преставува политиката на САД и на некои западни земји, чија цел е зајакнување на нивната доминација во регионот. Уште во 1999 година, силите на НАТО без санкција на ОН два и пол месеци ја бомбардираа Југославија, а потоа насилно ја одделија автономната покраина Косово. Во 2008 година, Вашингтон и неговите сојузници го подржаа нелегитимното прогласување на независноста на Косово. Во 2017 година, и покрај ставот на половина од населението, Црна Гора беше вовлечена во НАТО. Беа исплашени од референдумот за ова прашање и како резултат на тоа, земјата сега минува низ период на политичка нестабилност, вели Путин.
Минатата година, наведува рускиот претседател, „поради форсираното зачленување во НАТО на Република Македонија, беше дури покренат и процесот на усвојување на уставните амандмани и промена на името на државата, ревизија на основите на македонскиот национален идентитет“.
– При тоа, беше игнорирана волјата на македонските гласачи – референдумот за промена на државното име не успеа, но надворешниот притисок продолжи. Руската Федерација, знаејќи и разбирајќи ја комплексноста на Балканот и историјата на тој регион, секогаш го сметаше за простор за конструктивна соработка. Денес Русија на Балканот има многу пријатели, меѓу кои посебно место го зазема стратешкиот партнер -Србија. Затоа, помагањето и зајакнување на регионалната безбедност и стабилност е нашиот безусловен приоритет, истакна Путин.
Рускиот претседател ги оцени како добри односите со БиХ, особено со Република Српска, а за односите со Хрватска и Словенија оцени дека „прогресивно се развиваат.“
Путин трансформацијата на Косовските безбедносни сили во војска го оцени како потег „кој создава сериозен ризик на заострување на ситуацијата во регионот“, со кој се крши меѓународното право.
Во тој контест, рускиот претседател кажа дека смета дека курсот за проширување на НАТО е наследство на Студената војна и дека тоа е погрешна и деструктивна воено-политичка стратегија.
– Денес, Алијансата се обидува да го засили своето присуство на Балканот. Но, со ова само ги обновува линиите на поделба на европскиот континент и грубо го нарушува принципот на неделивост на безбедноста. Сето ова, на крајот на краиштата, не води кон зајакнување на стабилноста, туку до намалување на довербата и зголемување на напнатоста во Европа, вели рускиот претседател.
Владимир Путин во интервјуто се осврнува на добрите релации меѓу Српската православна црква и Руската православна црква, особено околу прашањето за афтокефалност на Украинската православна црква.
Тој во интервјуто се осврнува и на воено-техничката соработка меѓу двете земји, како и на можноста за приклучување на Србија како транзитна земја на Турски тек, што зависи од „гаранциите на ЕУ дека плановите во врска со продолжувањето на Турскиот тек нема да бидат попречени од произволната политичка одлука на Брисел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер
-
Маж со автомобил ја удрил поранешната девојка во Ѓорче Петров