-->
-->
Путин пoрача во Париз: Ја поддржувам идејата за европска војска, очекувам преговори со САД за нуклераната спогодба
-->
Путин ова го кажа два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер го опиша како „многу навредлив“ повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање европска војска.„Европа е можен економски ентитет, моќна економска унија, и сосема е нормално што сака да биде независна, самостојна и суверена кога станува збор за одбраната и безбедноста“, кажа Путин во денешната изјава за Раша тудеј во Париз, каде присуствува на одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот го оцени како „многу навредлив“ предлогот на Мактон дека Европа треба да формира сопствена војска за да се заштити од Русија, Кина, па дури и од САД.
„Тоа е многу навредливо, но можеби Европа прво би требало да го плати својот праведен удел во НАТО, кој САД во голема мера го субвенционираат“, напиша Трамп на својот профил на Твитер, откако пристигна во Франција.
Макрон во вторникот изјави дека на Европа ѝ е потребна „вистинска војска“ за помалку да зависи од САД кога станува збор за одбраната.
„Мораме да се заштитиме од Кина, Русија, па дури и од Соединетите Американски Држави“, кажа тој во изјавата за француското радио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
-

Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола
-

Нов круг мировни преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби, без претставници на САД
-

Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации
-

Со меѓународна поддршка започнува 8. сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“
